УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИМЕ

Царинското посредување во Кондово ДООЕЛ претставува стратегиски деловен систем насочен кон задоволување на потребите на комитентите и постигнување спогодба за заедничка соработка.

Email us
Царинење стока при увоз

Наша обврска е навремено, брзо и квалитетно завршување на царинските формалности со цел, нашите клиенти навремено да располагаат со сопствената увезена стока. 

Нашиот тим на високо обучени и специјализирани вработени успешно ги реализира царинењата на секаков вид на стоки и се грижи вашето работење да биде секогаш во согласност со царинскиот закон на Република Македонија.

Email us
Царинење стока при извоз 

Извозната постапка овозможува домашната стока да го напушти царинското подрачје на Република Северна Македонија. Без разлика на бројот на тарифни наименуванија тука сме со нашиот специјализиран тим да извршиме уреден преглед и подготовка на документацијата со цел успешно, брзо и квалитетно извоззно царинење на Вашите пратки. .

Email us
Реекспорт

Реекспорт се изведува кога неоцаринета стока која е донесена во Македонија од странски извозник за македонска фирма, се продава на странски купувач. За оваа постапка исто така се потребни одредени придружни документи, за чија обработка и доработка Ви стојат на располагање нашиот искусен тим за ваков тип на постапка.   

Email us
Транзит / НЦТС

Кондово ДООЕЛ Ви овозможува транзит на секаков вид на стока од една Ц.И. до друга Ц.И. во рамките на територија на Р.М.

Освен територија на Р.М., достапна е услуга за меѓународен транзит со што се овозможува полесно и побрзо движење на стоката со поднесување на единствена транзитна декларација во електронска форма во местото на поаѓање која важи сè до местото на одредиште во рамките на договорните страни на конвенциите. 

Корисни линкови

Увоз на патнички моторни возила:

https://customs.gov.mk/index.php/mk/patnici/uvoz-na-vozila-mk 

Сите царински постапки: 

https://customs.gov.mk/index.php/mk/biznis-zaednica-mk/carinski-postapki 

Акцизи:

https://customs.gov.mk/index.php/mk/biznis-zaednica-mk/akcizi 

Мерки за граница и мерки за стоково царинење:

https://customs.gov.mk/index.php/mk/biznis-zaednica-mk/zabrani-i-ogranicuvanja